Новости

Македонија

Царовска: Полагањето на државната матура е законска обврска

Прашањата и програмите за полагање на државната матура се поедноставени и усогласени со условите во коишто оваа учебна година ќе се спроведуваат испитите, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Запрашана за коментар во врска со реакциите на социјалните мрежи од страна на групи ученици кои се закануваат со бојкот на онлајн наставата и бараат намалување на бројот на предмети кои ќе се полагаат Царовска вели:

„Матурата е задолжителна и тоа не само во нашата држава туку и во земјите од регионот и во развиените европски земји. Ние сме целосно спремни матурата да се спроведе на соодветен и безбеден начин, со концепцијата усогласена со формалните здруженија на средношколци и матуранти коишто беа на формален состанок во Министерството. Програмите се поедноставени, исто и прашањата, согласно условите во кои ќе се изведе оваа матура“, рече Царовска.

Евротип
Евротип
To Top