Новости

Македонија

Царовска: Семејствата со повеќе деца настава од далечина ќе следат и на МТВ

За оние семејства кои имаат по повеќе деца па им требаат многу компјутери за онлајн настава, Царовска ја потенцираше можноста за следење настава од далечина и на националниот телевизиски сервис.  И таму ќе има часови од утре согласно распоредите на училиштата и одделенијата.

-Она што го утврдивме на самиот почеток и на самиот план, децата ќе имаат можност во даден распоред на три канали на МТВ да следат на својот јазик 15 минутни часови од прво до деветто одделение и тоа е важен инструмент кој се користи и во другите држави за децата кои немаат пристап. Секако и училиштата ќе треба да принтаат и материјали кои што ќе бидат доставувани до родителите за да може децата да извршуваат домашните задачи и да добиваат инструкција за работа во домашни услови. Ова е за оние кои нема да можат да се приклучат онлајн. Секако ќе беше добро како држава претходно 15 години да инвестираме во дигитализација и во образованието и сите деца да имаат пристап до интернет и до ИТ опрема но тоа треба да биде задача и лекција за во наредниот период.  Во овој период наоѓаме начин флексибилен на кој што секое ќе биде изложено на добивање информации и знаење и стимулации на нивниот развој, истакна Царовска од Тетово каде беше во посета на основното училиште „Кирил и Методиј“.

GOLD
To Top