Новости

Македонија

Четиригодишни близначиња се најмладите жртви од излетаниот автобус

Најмладите патници од излетаниот македонски автобус имале само по четири години. Станува збор за дечиња близначиња родени во 2017 година.

Дел од медиумите веќе ги објавија и нивниот идентитет.

Најстариот патник има 63 години. Роден е во 1958 година. Според информациите, најголем дел од патниците се родени меѓу 1971 и 2004 година.

Во тешката сообраќајка ноќта на автопатот Струма загинаа 45 лица, а седум се повредени.

Извор: Фактор

Евротип
Евротип
To Top