Новости

Македонија

Шаќири со молба до СОНК: Покачување на платите ќе има, но да ги вратиме учениците на училиште

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска им се обрати на синдикалците од СОНК со молба и апел да овозможат да се вратат ученциите на настава.

-Барањето на СОНК е легитимно, и покачување на платите ќе има. Социјалниот дијалог со СОНК ќе продолжи. Но, приоритет за мене како министер се учениците и нивното враќање во училишните клупи, за да немаат повеќе дополнителни празнини кои тешко или никако нема да се надополнат. Најдобар интерес е учениците да се вратат во училниците, истакна министерот Шаќири.

Тој истакна дека денеска ќе испрати писмо до СОНК и ќе побара од нив да дозволат да се вратат учениците на настава.

-Апелирам до СОНК да им овозможиме на учениците навремено да ја завршат учебната година. Тоа е наша законска, морална и етичка обврска. Наставниците се најважна алка во образовниот процес, но и учениците се важна оска на секоја образовна политика и затоа не смеат повеќе да губат од наставата, рече Шаќири која на крајот упати и молба до синдикаците кои се на генерален штрајк да овозможат враќање на учениците назад во училишните клупи.

Вчерашните преговори меѓу претставниците на СОНК и министерот Шаќири не резултираа со прекин на штрајкот во образованието бидејќи не постигнаа договор за зголемувањето на платите на просветните работници кое го побараа синдикаците предводени од Јаким Неделков.

-Учениците имаат уставно право на образование, а синдикалците уставно право на штрајк, но образованието е специфична област. Ние гарантираме дека ќе имаме преговори за повисоки плати, рече министерот.

Евротип
SNBROKER
To Top