Новости

Македонија

Шекеринска: Кај Боки 13 со Катица Јанева разговаравме за Законот за јавно обвинителство

Носителката на листата на ИЕ5 од СДСМ и колацијата „Можеме“, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 рече дека е автентична снимката од одењето на гости кај Боки 13 со Катица Јанева.

 

– Во ниту еден момент не ја лажев јавноста. Се имам сретнато и со едниот и со другиот и со двајцата заедно. Но, јас немам никаква поврзаност со акциите на тие двајца за кои се соочија пред судот, рече Шекеринска коментирајќи ја снимката која се појави на интернет на која се гледа дека таа е гостинка во домот на Бојан Јовановски, заедно со Катица Јанева.

Според Шекеринска оваа снимка била интересна по топа што „прво покажува дека не бил само еден што снимал во тој случај и тоа го нарече како „интересни заднински врски“.

– Зборувавме за една многу актуелна тема во тоа време, а тоа беше зошто не може да се донесе Законот за јавно обвинителство, додаде Шекеринска.

GOLD
To Top