Новости

Македонија

Шумските полицајци ќе добијат повисоки плати

Владата го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  во рамки на  буџетските можности да пренамени пари од својот буџет за  унапредување на работничките права на Шумската полиција, соопшти владината прес-служба.

Минисгтерството за финансии, пак, ќе треба да обезбеди пари во Буџетот за 2021 година за таа намена во буџетот на Министерството за земјоделство.

Оттаму информираат дека владата ја разгледала и усвоила Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на овластените службени лица во Шумската полиција,

На предлог на МЗШВ, владата донела и  одлука за утврдување на висината на референтните цени за извоз на флаширано вино, вино во буриња и вино во цистерни, која се утврдува според видот на пакувањето во кое се извезува виното, количината и дестинацијата каде се извезува.

Евротип
SNBROKER
To Top