Новости

Македонија

Ќе се менува законот за да се продолжат пасошите на нашите во странство

Министерот Бујар Османи вели дека ова мора да се направи поради случаи како Кина, каде мобилните тимови за издавање пасоши мора да бидат 30 дена во карантин
Нашинците во странство за да добијат нов пасош, ги сликаат мобилни тимови, но проблемот се појавува во Кина, каде секој што ќе влезе, мора да биде 30 дена во караантин.

Затоа од МНР најавуваат дека ќе бараат да се менува законот со што ќе се продолжи важноста на истечените пасоши.

„ Досега на ваков начин со мобилни тимови се издадени над 7 000 патни документи, но има проблем со македонските државјани со истечени пасоши што се во Кина. Министерството за внатрешни работи да го продложи рокот на важноста на пасошите до крајот на годината, со измена на Законот, за да може граѓаните да ги искористат сегашните пасоши со изминат рок. Сепак светот е во кризна ситуација со пандемијата со ковид-19 и мораме да се адаптираме на кризните услови“, вели министерот Бујар Османи и демантира дека оти има проблеми со замената и издавањето на пасошите на нашите државјани во странство и дека тоа е масовна појава.

GOLD
To Top