Новости

Македонија

1ТВ престана да емитува програма на своја иницијатива

1ТВ од вчера престана да емитува програма, по своја иницијатива. Телевизијата, чиј неформален сопственик беше Бојан Јовановски – Боки 13, еден од осомничените во случајот „Рекет“, доколку не продолжи да емитува програма во наредните 30 дена, ќе и биде одземена дозволата за работа.

Иако по случувањата на случајот „Рекет“, кога Боки 13 беше уапсен, вработените земаа колективен одмор па се вратија повторно на работа, овој пат според неофицијални информации телевизијата затворила поради големиот број на долгови.

Веб-страницата на телевизијата се уште работи.

GOLD
To Top