Новости

Македонија

1-ви ноември неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 1 ноември, петок, Празникот на сите светци е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.

Денот на сите светци е католички празник согласно календарот на Римокатоличката Црква, а со него се празнуваат сите светци, како оние кои веќе се канонизирани, така и оние кои сѐуште не се. Во православните цркви овој празник се обележува на Духовден и го означува завршувањето на велигденскиот дел од литургиската година.

GOLD
To Top