Новости

Македонија

14 годишно девојче – прва жртва од грипот во земјава

Почина четиринаесет годишно девојче на клиниката за детски болести, како последица од компликации од грип.

Девојчето имало и други хронични заболувања и тоа е првиот смртен случај поврзан со грипот оваа сезона, велат од институтот за јавно здравје.

Д-р Кузмановска од институтот за јавно здравје посочи дека само минатата недела се регистрирани скоро 4 илјади лица, што е за 30 проценти повеќе во однос на минатата седмица.

Таа додаде дека има голем пораст на заболени од грипот кај децата кои се на училишна возраст односно од 5 до 19 години, покрај нив тука се и лицата се над 65 годишна возраст, додека пак со потешки заболувања се оние кои претходно имале хроничен здравствен проблем.

Интензитето постојано расте во оваа сезона, во која досега беа регистрирани скоро единаесет илјади заболени од грипот, што е за 60 проценти повеќе од минатата сезона кога станува збор за истата недела.

Епидемиолозите препорачуваат да се избегнуваат метежи и затворени простории, воедно и да се одржува хигиена и да се консумираат витамини поради зајакнување на имунитетот.

GOLD
To Top