Новости

Македонија

14 дневна самоизолација за патниците кои ќе допатуваат директно од Велика Британија, предлага Комисијата за заразни болести

Фото: Фејсбук/Skopje International Airport - SKP

Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб,а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните.

GOLD
To Top