Новости

Македонија

151 случај на Ковид-19 во изминатите три дена, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 20.05 до 22.05.2022) направени се 2.780 тестови, а регистрирани се 151 нови случаи на ковид-19.

Од вкупниот број на позитивни, 17 се реинфекции.

Во текот на изминатите три дена и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.046.474 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 311.350, бројот на оздравени пациенти е 301.545, на починатие 9.297. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 508.

Евротип
SNBROKER
To Top