Новости

Македонија

1618 тестирања: 88 нови случаи – 7 лица во Прилеп и 2 во Битола

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, пет починати и 135 оздравени пациенти.

Новозаразените со коронавирус се регистрирани во: Скопје 45, Куманово 4, Штип 1, Прилеп 7, Тетово 6, Струга 3, Битола 2, Охрид 3, Гостивар 1, Струмица 7, Крива Паланка 2, Кочани 3, Македонски Брод 1, Виница 1 и во Кичево 2.

„Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти“, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078.

GOLD
To Top