Новости

Македонија

303 нови случаи на Ковид – 19, 28 во Прилеп – починати се рекордни 41 лице, 5 од нив во Прилеп

Вкупно 41 пациент во изминатите 24 часа ја загубија битката од ковид-19, информира Министерството за здравство. Според извештајот на МЗ 16 лица починале од Скопје (34г, 41г, 50г, 60г, 64г, 65г, 3 лица на 67г., 69г, 70г, 71г, 72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г, 66г, 70г, 74г и 81г), по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г), по еден пациент од Струга (22г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г). Од починатите лица, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е во домашни услови.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 195, Прилеп – 28, Куманово – 17, Гостивар – 14, Тетово – 8, Кавадарци – 7, Велес, Штип и Неготино – по 6, Струга и Кичево – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип – по 1 лице.

Регистрирани се 1169 оздравени пациенти од:
Скопје – 532, Прилеп – 78, Кавадарци – 63, Куманово – 58, Неготино – 47, Велес – 44, Гостивар – 42, Штип – 36, Тетово и Битола – по 34, Кочани – 22, Гевгелија – 21, Крива Паланка – 19, Делчево и Берово – по 14, Струмица – 13, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 11, Ресен – 9, Дебар – 8, Кичево, Радовиш и Македонски Брод – по 7, Крушево и Демир Хисар – по 5, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 4, Кратово и Дојран – по 2, Охрид – 1.

Направени се 1.405 тестови преку: ИЈЗ-207, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-33, Жан Митрев (Филип Втори)-208, Авицена-0, Биотек-190, Систина-360, лабораторија Лаор–0, Синлаб-30, Ремедика-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.

Досега во земјата се направени вкупно 616.862 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 56944, активни 9143
Прилеп 6933, активни 1030
Куманово 6683, активни 773
Тетово 6223, активни 545
Гостивар 4475, активни 452
Велес 4379, активни 650
Кавадарци 4367, активни 685
Битола 4258, активни 622
Штип 4195, активни 398
Охрид 4052, активни 732
Струмица 3193, активни 313
Струга 2644, активни 208
Кочани 2207, активни 217
Кичево 1962, активни 150
Неготино 1892, активни 397
Гевгелија 1777, активни 373
Свети Николе 1248, активни 105
Крива Паланка 1044, активни 92
Ресен 982, активни 148
Радовиш 877, активни 104
Дебар 848, активни 44
Делчево 835, активни 85
Берово 811, активни 98
Пробиштип 672, активни 87
Виница 592, активни 59
Валандово 494, активни 66
Крушево 430, активни 133
Богданци 399, активни 70
Демир Капија 349, активни 78
Кратово 326, активни 29
Демир Хисар 320, активни 41
Македонски Брод 292, активни 30
Пехчево 226, активни 26
Македонска Каменица 201, активни 8
Дојран 110, активни 9

СН Брокер
To Top