Новости

Македонија

37 новозаболени лица во Македонија, а излечени 11 лица

37 нови случаи на корона вирус се регистрирани во изминатите 24 часа од направени 508 тестирања.

Новозаболените лица се од  Скопје 12,  Куманово 8,  Штип 2, Прилеп 2, Тетово 7, Струга 4 и двајца во Охрид. Во изминатото деноноќие не се регистрирани смртни случаи.

Скринингот пак откри уште еден случај на позитивен на Ковид 19 кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.

„Се работи за лице кое подолго време било на боледување. Лицето не одело на работа и дошло на самиот ден на тестирањето. Веднаш е стапено во контакт со епидемиолозите . Контактирано е семејството и е во домашна самоизолација. Лицето немало контакт ниту со вработените ниту со пациентите.“ – велат од министерството за здравство.

До сега со скрининзите кои се правеа ова е трет случај . Откако претходно како позитивни на ковид 19 се покажаа двајца вработени во градинки во Битола и Скопје.

Досега, во земјава се направени вкупно 25.270 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи.

Излечени во изминатото деноноќие се 11 слуачи на пациенти.  Со ова, вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 1.978, од кои оздравени се 1422, починати се 113, а активни се 443.

GOLD
To Top