Новости

Македонија

39 години од раѓањето на Тоше

Денеска се навршуваат 39 години од раѓањето на Тоше Проески.

Роденденот на Тоше Проески беше одбележан со пригодна програма во спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево.

Во спомен-куќата се одржа неколку ликовни изложби, а во официјалната програма настапија „Уникат бенд“ и Сара Ристеска, придружена од Габриела Аврамоска. Свои точки во спомен на Тоше имаа и учениците од средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче“ и од ОУ „Никола Карев“.

На неговото вечно почивалиште на Гумење му беше оддадена почит на Тоше. И овојпат обожавателите го посетија неговото гробно место.

Тоше го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Годинава се очекува да напредуваат работите со изградбата на вечното почивалиште на Тоше.

И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање“.

GOLD
To Top