Новости

Македонија

396 нови случаи на Ковид – 19, по 14 лица во Прилеп и Битола – починати се 15 лица

Mинистерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-198, Куманово-12, Штип-12, Прилеп-14, Тетово-18, Струга-9, Велес-13, Битола-14, Охрид-11, Кавадарци-13, Гостивар-7, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-8, Неготино-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 442 оздравени пациенти од: Скопје-229, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-14, Велес-17, Битола-11, Кавадарци-28, Гостивар-13, Гевгелија-8, Струмица-6, Крива Паланка-9, Радовиш-4, Кочани-10, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-5, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Кратово-3, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-3.

Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (62г), еден од Охрид (61г), три пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51г), три од Гостивар (73, 67 и 33г) и два од Виница (54 и 83г). Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87986, бројката на оздравени пациенти е 69137, на починати е 2672, а бројот на активни случаи изнесува 16177. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 38165, активни 9928
• Куманово 4951, активни 470
• Дебар 695, активни 139
• Штип 3417, активни 204
• Прилеп 4430, активни 325
• Тетово 4925, активни 702
• Струга 2115, активни 185
• Велес 2908, активни 380
• Битола 3152, активни 371
• Охрид 2614, активни 425
• Кавадарци 2350, активни 465
• Гостивар 3504, активни 439
• Гевгелија 1234, активни 207 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2443, активни 453
• Крива Паланка 697, активни 99
• Радовиш 665, активни 76
• Крушево 184, активни 31
• Кочани 1673, активни 153
• Пробиштип 471, активни 36
• Демир Хисар 239, активни 29
• Македонски Брод 234, активни 15
• Пехчево 173, активни 25
• Берово 554, активни 65
• Валандово 323, активни 32
• Виница 472, активни 62
• Делчево 708, активни 229 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 206, активни 14
• Свети Николе 1060, активни 71
• Кичево 1641, активни 191
• Ресен 688, активни 125
• Неготино 1095, активни 231 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

GOLD
To Top