Новости

Македонија

63 нови случаи на Ковид – 19 – 573 оздравени и 6 починати лица

По компликации од коронавирус во болнички услови починаа 6 лица, двајца пациенти од Скопје (54 и 79), двајца од Прилеп (85 и 93), еден од Кавадарци (70) и еден пациент од Струга (83), соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-37, Куманово-4, Тетово-1, Гостивар-1, Штип-2, Битола-1, Велес-1, Охрид-2, Кавадарци-5, Струга-1, Свети Николе-1, Крива Паланка-1, Берово-2, Делчево-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Пехчево-1.

Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 8 нови пациенти, а вкупно лежат 290 лица. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 610 и има околу 580 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од: Скопје-350, Куманово-19, Тетово-10, Прилеп-36, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-17, Струмица-15, Кавадарци-28, Кочани-9, Кичево-1, Свети Николе-4, Гевгелија-6, Неготино-12, Дебар-8, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-3, Валандово-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Богданци-2, Кратово-1, Крушево-9, Демир Капија-1.

Од почетокот на коронакризата во земјава се дијагностицирани 90.717, оздравени се 78.727, починаа 2.791, а активни случаи се 9.199.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39462, активни 5145
• Куманово 5113, активни 377
• Тетово 5032, активни 373
• Прилеп 4522, активни 212
• Гостивар 3577, активни 220
• Штип 3476, активни 143
• Битола 3188, активни 159
• Велес 3011, активни 241
• Охрид 2723, активни 351
• Струмица 2506, активни 287
• Кавадарци 2472, активни 313
• Струга 2175, активни 141
• Кочани 1714, активни 87
• Кичево 1694, активни 129
• Свети Николе 1067, активни 35
• Гевгелија 970, активни 95
• Неготино 953, активни 109
• Дебар 741, активни 108
• Ресен 727, активни 104
• Крива Паланка 713, активни 56
• Радовиш 685, активни 40
• Берово 577, активни 49
• Делчево 559, активни 164
• Пробиштип 500, активни 40
• Виница 482, активни 32
• Валандово 325, активни 12
• Демир Хисар 242, активни 8
• Македонски Брод 240, активни 10
• Богданци 222, активни 30
• Кратово 215, активни 17
• Крушево 200, активни 29
• Македонска Каменица 190, активни 36
• Демир Капија 182, активни 28
• Пехчево 180, активни 13
• Дојран 82, активни 6

GOLD
To Top