Новости

Македонија

7 април – Светски ден на здравјето

Градење поправеден, поздрав свет

На 7-ми април 2021 година, Светскиот ден на здравјето, ве каниме да се придружите на новата кампања за изградба на поправеден, поздрав свет. Еве зошто го правиме тоа:

Во нашиот свет владее нееднаковст.

Во услови на КОВИД-19 пандемија, гледаме дека некои луѓе може да живеат поздрав живот и да имаат подобар пристап до здравствени услуги за разлика од други коишто не може да си го дозволат тоа, што главно се должи на условите во кои се родени, растат, живеат, работат и стареат.

zdravje 2

Некои групи на луѓе во светот, се борат да преживеат со ниските дневни примања, живеат во лоши услови и не може да си дозволат добро образование, имаат помалку можности за вработување, се соочуваат со родова нееднаквост и имаат малку или воопшто немаат пристап до безбедни средини, чиста вода и воздух, безбедна храна и квалитетни здравствени услуги. Ова води кон непотребно страдање, болести што не може да бидат избегнати, како и прерана смрт.

Сето ова е неправедно и треба да биде спречено. Затоа, ги повикуваме лидерите да обезбедат соодветни услови за живот и работа на секој човек што поволно ќе влијае на здравјето (со што ќе се зачува доброто здравје). Истовремено, ги повикуваме, да обрнат внимание на нееднаквостите во здравството и да обезбедат пристап на секој човек до квалитетни здравствени услуги, секогаш и секаде, кога ќе имаат потреба од нив.

КОВИД-19 сериозно ги погоди сите земји, но најтешко поминаа заедниците кои веќе беа ранливи, земјите кои се повеќе изложени на болести, односно земјите со ограничен пристап до квалитетни здравствени услуги.

СЗО е посветена на правото на добро здравје, што значи дека секој, секаде, треба да може да го оствари своето право.

zdravje 1Институт за јавно здравје

GOLD
To Top