Новости

Македонија

Eве какво време не очекува денеска

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните планински делови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со изолирана појава на грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 20 до 21 степен, а максималните ќе достигнат од 25 до 33.

Времето во наредните денови ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност.  Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја.

GOLD
GoldSlot
To Top