Новости

Македонија

OJO бара притвор за косопственичката на 1тв, Јасна Мандиќ, а за другите мерки на претпазливост

Покрај пратеничката Фросина Ташевска Ременски, осомничени во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција се и Јасна Мандиќ, заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и асистентката на Мандиќ, се дознава од извори од обвинителството.

Како што соопшти Јавното обвинителство, вкупно се осомничени пет лица, а за едно се бара притвор. Неофицијално, станува збор за осомничената Јасна Мандиќ, која, заедно со Миле Јовановски, се сопственици на телевизијата „1ТВ“. Првоосомничен е Боки 13, кој е во притвор од 15 јули за случајот „Рекет“. За останатите тројца осомничени се бараат поблаги мерки на претпазливост.

GOLD
To Top