Новости

Македонија

Tендер за Консултантски услуги за консолидација на земјиште – Физибилити студии за Лешани, Кожле и Дабјани

Во рамки на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број: 2019/CSAPC/REUDD/104003) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија Фаза I – Физибилити студии за Лешани, Кожле и Дабјани”. 

Селата Лешани (Општина Дебарца), Кожле (Општина Петровец) и Дабјани (Општина Долнени) беа избрани како проектни области со висок потенцијал и интерес за консолидација на земјоделско земјиштето, врз основа на евалуација наспроти неколку критериуми за избор, вклучително степен на расцепканост на земјиштето, особености на теренот и почвата, процент на земјоделско земјиште упишано во Катастарот на недвижности, застапеност на повеќегодишни култури и обработливо земјиште како процент од консолидационото подрачје. Како следен чекор, ќе се спроведат физибилити студии во секоја област, со цел да се процени оправданоста за спроведување на консолидацијата на земјоделското земјиштето.

Консултантските услуги што ќе треба да се спроведат за физибилити студиите во секое подрачје вклучуваат: Истражувачки активности (прибирање и анализирање на примарни податоци за подрачјето, како катастарски мапи, податоци од Катастарот на недвижности, карта на сопственици, ортофото и топографски мапи, инфраструктурни и просторни планови, планови за локален и рурален развој); теренски активности (индивидуални интервјуа со сите идентификувани сопственици на земјиште за да се процени нивниот интерес за учество во консолидација на земјиштето) и анализа на собраните информации и подготовка на Извештај за физибилити студија.

На тендерот можат да учествуваат овластени геодетски компании кои се регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е 31 Јануари (петок) 2020 година до 12:00 часот (по централно европско време).

GOLD
To Top