Новости

Прилеп инфо

Ќе се вештачи рачната бомба пронајдената во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со екипа од крим техника при Министерството за внатрешни работи, Полициска станица Прилеп изврши увид на местото каде денеска беше пронајден предмет – рачна бомба, во близина на кафулето „Кафе ин“ во Прилеп.

Како што соопштија од Обвинителството, во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита рачната бомба безбедно е демонтирана.

Пронајдениот материјал е подигнат, обезбеден, документиран и испратен на вештачење. Основното јавно обвинителство Прилеп издаде наредби за проверки и расчистување на настанот, стои во соопштението.

GOLD
To Top