Новости

Прилеп инфо

ВИДЕО: Повторно бомба во истото кафуле во Прилеп, врие полиција

Според првичните неофицијални информации дојава на бомба вечерва пред настапот на Светлана Ражњатовиќ Цеца повторно го испразни кафулето „Кафеин“ во Прилеп. Просторот повторно беше обезбеден од голем број на полициски службеници, а на лице место пристигнаа и екипите на Противпожарната бригада и Итната медицинска помош од Прилеп.

Од полицијата велат дека повеќе детали за овој настан ќе има во текот на утрешниот ден.

Инаку досега не е расветлен првиот случај со фрлањето на рачна бомба во „Кафеин“. Од обвинителството потврдија дека бомбата била фрлена, но не експлодирала.

Во јавноста веќе кружи една снимка од безбедносни камери на која се гледа како едно лице ја фрла бомбата, но таа не експлодира. Дали снимката е автентична и вистинита треба да потврдат надлежните. – пренесува ИнфоКомпас.  

ФОТО и ВИДЕО: Инфо Компас

GOLD
To Top