Новости

Прилеп инфо

ВИДЕО: Прилеп за време на 61 часовен полициски час

Празни улици, затворени дуќани и секојдневниот метеж во градот под Марковоте Кули. Вака изгледа градот за време на полицискиот час кој ќе трае 61 час овој викенд со цел да се спречи ширење на Корона вирусот.

На улиците може да се забележат само возила кои имаат посебни дозволи кои вршат достава на храна и лекови.

Во Прилеп до сега се почитуваат ваквите мерки. Полицијата која е распоредена низ градот врши контрола и низ помалите населби.

Имено за прв пат се соочуваме со 61 часовен полициски час, а се најавени и слични мерки за време на велигденските празници.

Останете дома, бидете добро и почитувајте ги мерките од Министерството за здраството. #stayhome

GOLD
To Top