Новости

Прилеп инфо

Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа во прилепско

На 18.11.2019 во 16.40 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево, патничко моторно возило „фолксваген венто“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.У.(71) од с.Славеј, прилепско, удрило во велосипед управуван од А.Р.(71) од с.Славеј.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top