Новости

Прилеп инфо

Во двор на прилепчанец пронајден хероин

Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи, и по наредба од Основниот Суд во Прилеп, извршиле претрес во дом на македонски државјанин од Прилеп, со помош на царинско куче, при што покрај оградата на дворот, под пласт густа трева и трња, била пронајдена алуминиумска опаковка со бела прашкаста материја. По извршеното тестирање во полициската станица во Прилеп било утврдено дека се работи за наркотичка дрога хероин со маса од 50 грама. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка, информираат од царинската управа..

GOLD
To Top