Новости

Прилеп инфо

Во недела хуманитарен концерт за Стефани Стојческа од Прилеп

„Светлина“ невладиното здружение за мултикултурни активности од Прилеп во недела организира хуманитарен концерт за Стефани Стојческа од Прилеп која боледува од церебрална парализа.

Своето лекување мора да го продолжи во Италија за што се потребни финансиски средства.

Настанот ќе се одржи во Спортската сала на ОУ„Добре Јованоски“ во Тризла, Прилеп со почеток во 19:30 часот на кој ќе настапат голем број на естрадни уметници: Елена Велевска, Рубин Благадуша, Софче Кочоска, Сања Ристеска, Татјана Стефаноска, Сашко Савески, хумористот Војче Китаноски и уште многу други..

Цената на влезницата изнесува 100 денари, а истите може да ги подигнете од канцеларијата на здружението „Светлина“ во вторник и четврток од 17 до 20 часот која се наоѓа позади старата општинска зграда.

Бидете дел и вие од овој хуманитарен концерт.

GOLD
To Top