Новости

Прилеп инфо

Во полн ек, светиниколскиот турнир во мал фудбал

Синоќа, возбудливо и крајно неизвесно во преполнетата спортска сала „Арена Сонце“ каде публиката уживаше во четвртфиналните средби од традиционалниот светиниколски турнир во мал фудбал, во организација на Општина Прилеп и компаниите „Комфи Ангел“ и Прилепска Пиварница.

Во четвртфиналето од турнирот „Св.Никола“ се сретнаа сениорските екипи на:

Тео-Теа – Центар Рубин и Златко

Фурна златно зрно (Радовиш) – Инфинити

Македонија – Слаткарница Шар

Табако Дисконт Руна Мак – Тосв Транс

Денес, на турнирот во мал фудбал „Св Никола„ 2017, се полофиналните средби. А, веќе во среда, на 28-ми декември, ќе се одржи финалето, во кое најдобите четири екипи ќе се борат за вкупниот награден фонд од 300.000 денари,кој се доделува за освоено прво, второ, трето и четврто место.

Интересот кај публиката за турнирот е се поголем, бидејќи купените велзниците учествуваат во наградните игри кои се одржуваат секој вечер, а сите влезници, пак, учествуваат за добивање на Главната награда – ЛЕД ТЕЛЕВИЗОР за која извлекувањето ќе биде на 28-ми декември, в среда.

Турнирот во мал фудбал „Св. Никола“ кој се организира по осми пат, има и хуманитарна цел.Тој, исто така, преставува завршна спортска манифестација од спортските настани во Прилеп за 2016 година.

Евротип
Евротип
To Top