Новости

Прилеп инфо

Во прилепско при пожар изгореа плевна и земјоделски машини

Вчера во селото Житоше, прилепско, во дворот од куќата сопственост на Ј.И.(75), во плевна и магацински простор настанал пожар во кој целосно изгорела дрвената конструкција на двете простории, а опожарени биле и земјоделски машини.

Исто така, опожарена била и кровната конструкција на гаражата сопственост на И.М., која се наоѓала до плевната. Повредени лица нема, јави МВР.

Пожарот бил изгаснат и извршен е увид.

GOLD
To Top