Новости

Прилеп инфо

Градоначалникот Илија Јованоски изрази сочувство до семејството на Весна Ангелеска

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска им изрази жалење, сочувство и поддршка на членовите на семејството на советничката, Весна Ангелеска, по веста за нејзината ненадејна смрт.

„Веста за ненадејната смрт на почитуваната Весна Ангелеска ја примивме со огромна тага. Не само како советничка во овој состав на општинскиот Совет, туку и како граѓанка, жена хуманист Ангелеска имаше голем придонес во општествениот живот во градот. Нејзиното заминување е голема загуба за целата заедница“.

Градоначалникот Јованоски изрази сочувство и поддршка и до нејзините пријатели и соработници.

GOLD
To Top