Новости

Прилеп инфо

Груевски и Ристески: Дуплиран бројот на вработени лица, а допрва Прилеп ќе добие нови проекти

Ние нашата сила и моќ ги добиваме од Македонија и народот на оваа земја, нашата сила произлегува од нашата љубов кон народот и нашата љубов кон оваа земја. Ние не сме едни од оние кои ги баараат гласовите на граѓаните, а сила и поддршка добиваат од друго место, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Прилеп.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ била партија на граѓаните и гаранција за силна Македонија и посочи на граѓаните дека знаат каква промена, раст и развој доживеа Македонија во последните години, како и дека знаат каде беше Македонија пред 11. година и пред 5 месеци.

– Ние зборуваме за работите кои сме ги направиле, за проектите кои сме ги реализирале. Работата и посветеноста се наша карактеристика, а СДСМ води политика на навреди, политика на креирање на тензии и заплашување, политика на многу афери, корупција, криминал, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека во 2006-та година во општина Прилеп имало 13.808 вработени лица, а денес бројката на вработени е качена на 26.838 лица. Во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ отворени се 13.000 нови работни места во овој град.

Груевски потсети дека се инвестирани повеќе од 160 милиони денари во реконструкција на локални патишта, дека е изградена нова автобуска станица, реконструирана железничката станица и за прв пат во Прилеп бил организиран јавен автобуски превоз.

Тој вети дека доколку градоначалникот Ристевски биде реизбран ќе продолжи со изградба на инфраструктурата во новите индустриски зони и дека ќе се донесат нови странски инвестиции. Најави изградба на нова и реконструкција на постоечката водоводна и канализациона мрежа.

– Ќе изградиме нов театар во Прилеп, прилепските актери и публика ќе добијат театарска зграда изградена и опремена според сите светски стандарди. Ќе отвориме 4 нови детски градинки и нов дневен центар за стари лица и дневен центар за деца и лица со пречи во развојот, рече Груевски и вети и набавка на нови 10 автобуси и електрични компиња за јавниот превоз во Прилеп.

Кандидатот за градоначалник на Прилеп Марјан Ристески говорејќи рече дека како што застанал на браникот на татковината во 2001 година, така гордо ќе застане во одбрана на заеднички интереси за развој на Прилеп.

-Прилеп е град со горди прилепчани, кој ќе добие нови проекти. Ние се вградивме во проектот Прилеп европски град. Транспарентно, отчетно така и ќе продолжиме и натаму – рече Ристески, претставувајќи ја својата програма со која ја бара довербата од граѓаните на 15 октомври.

На митингот говореше и Петар Ристески, носителот на листата за советници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

GOLD
To Top