Новости

Прилеп инфо

Двајца потешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп – Крушево

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Прилеп – Крушево, помеѓу „опел мерива“, управувано од Ј.Б.(32) од Прилеп и „алфа“, управувано од И.Х.(29) од с.Мало Коњари, Прилепско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во болницата во Прилеп, каде што им била укажана помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top