Новости

Прилеп инфо

Две момчиња од Прилеп нападнале сограѓанин откако направиле сообраќајка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Р.(22) и М.С.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“. На 24.04.2019 година во Прилеп на улица ,,Октомвриска“, по претходна сообраќајна незгода, пријавените физички го нападнале С.Ш.(52) од Прилеп.

GOLD
To Top