Новости

Прилеп инфо

Денеска започнува светиниколскиот турнир во мал фудбал – ова се денешните екипи

Денеска започнува традиционалниот светиниколски турнир во мал фудбал во Прилеп што ќе трае до 28 декември. На турнирот ќе настапат 43 екипи и тоа 33 екипи во сениорска категорија, 11 екипи ќе бидат пионери и 9 ветерани.

Сениорите се поделени во 8 групи од кои 7 се со 4 екипи, а во една група има 5 екипи.

Пионерите се од генерациите 2005, 2006 и 2007 година. ветераните пак се поделени  во 2 групи од кои едната има 5, а другата 4 екипи.

Инаку наградниот фонд ќе изнесува 330.000 денари. Годинава собраните средства од овој хуманитарен турнир ќе бидат наменети за опремување на Центар за децата заболени од церебрална парализа.

Турнирот ќе се одржува како и секоја година во спортската сала до Тутунскиот комбинат.

Ова е денешнито распоред на натпреварите за турнирот во мал фудбал: 
СВЕТИ НИКОЛА – 2017
12.Декември.2017 година ( Вторник )

16.30 часот П.С. – Прилеп – Коњска сила
17.20 часот Мулти Фикс – Скара Балче
18.10 часот Теа-Андреа – Теко солар
19.00 часот Буларт Констракшн – Мит Карнем
19.50 часот Ковалски Теракота – Инфинити
20.40 часот Витаминка – Центар за возила  

GOLD
To Top