Новости

Прилеп инфо

Детали за денешната несреќа во Прилеп откако воз удри во автомобил

На 18.10.2019 околу 05.20 часот на железнички премин на ул„Леце Котески“ во Прилеп, патнички воз удрил во патничко возило „ауди“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(60) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките К.Н.(53) и С.Р. од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот Ј.М. и сопатничката Д.М.(50) од Велес.

Тие биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.

– Утринава во 5:20 часот, на железнички премин во Прилеп, во близина на меѓуградската автобуска станица, воз удри во патничко моторно возило Ауди во кое се превезувале пет лица. Патниците од автомобилот биле колеги кои утрината заедно патувале до своите работни места. При обид да ја преминат пругата, во нив удрил возот, при што две лица се телесно повредени, а две се здобиле со тешки телесни повреди, соопшти Јавното обвинителство.

GOLD
To Top