Новости

Прилеп инфо

Докторката од Инфективно во Прилеп е негативна на Корона вирусот, побарани се поригорозни мерки

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 6-ти април.

Во самоизолација се наоѓаат 179 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.

Граѓаните го почитувале полицискиот час, не се забележани никакви прекршувања.

Денеска, до овој момент, нема регистрирано нови случаи на заболени од коронавирус во општина Прилеп.

Докторката од Инфективното одделение во прилепската Општа болница е негативна на тестирањето за коронавирус, што значи дека одделението непречено ќе фунционира, а доколку има потреба ќе биде засилено со медицински персонал од другите одделенија во болницата.

Од причина што бројот на инфицирани со коронавирус во општина Прилеп за два дена се покачи за 50%, односно од 22 на 33, градоначалникот Илија Јованоски од Владата и премиерот Оливер Спасовски побара за Прилеп да бидат донесени поригорозни мерки, слични на мерките за Куманово.

GOLD
To Top