Новости

Прилеп инфо

Загина прилепски механичар во пожар, кој избувнал од автомобил

На 28.11.2017 година околу 13,50 часот во Прилеп на улица „Иво Лола Рибар“ во механичарска работилница, Ѓ.А.(65) од Прилеп, додека вршел поправка на патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со прилепски регистарски ознаки  сопственост на С. Д., од непознати причини избувнал пожар во возилото, при што Ѓ.А. со црево се обидел да го изгаси пожарот, но во еден момент паднал во безсознание.

Од екипа на Итна медицинска помош Ѓ.А. е пренесен во Медицински центар Прилеп каде е констатирана смрт. Од обавен разговор дознаено е дека починатиот боледувал од срце. Од страна на Противпожарна екипа Прилеп пожарот е изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денов.

GOLD
To Top