Новости

Прилеп инфо

Затворена текстилна компанија во Прилеп поради заболена прилепчанка со корона вирус

Една текстилна компанија од Прилеп е затворена и сите вработени се ставени во самозилација поради заразување со корона вирус на една 59 годишна вработена. Надлежните не кажаа во моментов каде точно се наоѓа жената, дали во домашни услови или е хоспитализирана. Иако официјално бројките не беа соопштени неофицијално станува збор за околу 200 вработени во самоизолација, според изјавите на самите вработените кои сега се дома. Исто така денеска во Прилеп се потврдении два нови случаии со корона вирус со што вкупниот број се искачи на 12.

– „Станува збор за маж и жена на возраст од 61 и 64 години. Во моментот се работи на епидемиолошка анкета и сите контакти со кои што биле тие двајца. Сите 4 новопотврдени случаи не се поврзани со првопотврденото жариште“, потенцираше Драгица Николоска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.

Извор:Инфокомпас

GOLD
To Top