Новости

Прилеп инфо

Земјоделците од Прилеп обвинуваат дека родот ќе исуши на нивите, во вештачкот езеро нема капка вода

Поради немањето ниту капка вода во вештачкото езеро во Прилеп и поради неповолната хидролошка состојба тутунарите се жалат дека нема да ги наберат последните берби кои се и најскапо платени. Поради обид за замена на испусниот вентил на акумулацијата, кој се прави по втор пат, лани беше неуспешно, повторно се испразни целото езеро. Тутунарите велат дека предвидените количини ќе бидат помали за околу 20 %.

„Најквалитетниот тутун што оди во највисоките класи и што носи највисок профит, некаде 280 денари од килограм. Не можи да ги порасни листовите, без вода нема живот, овие високи температура ќе предизвикаат нагло овенување, нагло горење и сушење на тутунот“, истакна Данчо Милески, претседател на тутунарско здружение „Мице Козар“ Прилеп.

Од Водостопанство „Прилепско Поле“ велат дека тутунарите од лани знеле деќа ќе нема доволно вода оваа година. Ветуваат дека до крајот на месецот ќе го заменат испусниот вентил.

„Значи се решава голем проблем, се врши измена на темелен испус на брана, тоа е главен вентил кој досега беше еден, а сега наместо тој вентил би се поставиле 2 вентили, 1 сигурносен, односно конусен, и еден лептирест вентил“, рече Ѕвонко Талески, директор на подружница „Прилепско Поле“.

Инаку вчера се случи и помор на рибите кога се испушти водата, од концесионерот Мамец велат дека тие не биле известени дека воопшто ќе се испушта водата од езерото.

Инаку се уште нема одговор од институциите дали некој ќе понесе одговорност што замената на испусниот вентил трае цели 2 години пренесува Сител.

GOLD
To Top