Новости

Прилеп инфо

Известување од Општина Прилеп по повод Пиво Фест 2019

Известување од Општина Прилеп по повод Пиво Фест 2019:

„Општина Прилеп ги известува граѓаните, дека заради почнување на активностите за припрема на „Пивофест 2019“, од понеделник, 15.07.2019 година од 21.00 часот, се затвора за сообраќај булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од поранешната „Градска кафеана“ до „Тинекс“.

Истовремено, со цел да се овозможи непречено изведување на предвидените активности, се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите автомобили на тротоарот на овој дел од булеварот „Гоце Делчев“.“ – известуваат од Општина Прилеп.

GOLD
To Top