Новости

Прилеп инфо

Изгоре куќа во Прилеп

Пожар избувнал вчера во куќа во Прилеп. Во 10:00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во Прилеп на улица „Димче Антулески“ во куќа сопственост на 77-годишниот С.М.

Од екипи од Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Од пожарот целосно била опожарена дневната соба и уште една помошна просторија со мебелот. Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.

GOLD
To Top