Новости

Прилеп инфо

Камион прегази две жени во Прилеп

На 10.12.2019 во 18.30 часот бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, товарно возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(47) од с.Лажани, прилепско, удрило во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.

Во незгодата, пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

GOLD
To Top