Новости

Прилеп инфо

Кај 26 – годишно момче од Прилеп при претрес во домот се пронајдени метамфетамин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Д.(26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 11.07.2018 во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле метамфетамин.

GOLD
To Top