Новости

Прилеп инфо

Кај 31 – годишен прилепчанец пронајден хероин, амфетамин и семки од канабис

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.А.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 20.09.2019 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, амфетамин и семки од растението канабис.

GOLD
To Top