Новости

Прилеп инфо

Кражба во маркет во Прилеп, со закана кон вработената се одземени пари

Синоќа во маркет на улица „Блажо Ивановски“ во Прилеп непознато лице извршил разбојништво, соопшти полицијата.

Сторителот со закана кон вработената одзел засега неутврдена сума пари.

МВР извести дека презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

GOLD
To Top