Новости

Прилеп инфо

Кривична за државна правобранителка од Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 01.11.2018 пријавената, како државен правобранител-Прилеп, спротивно на Законот за државно правобранителство и Законот за стечај, преку Основен суд Прилеп, во врска со пресуда на Апелациониот суд во Битола од 10.09.2018, поднела барање за ревизија на парични побарувања во име на тужителот Министерство за финансии – Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Прилеп, од тужената страна, со што го пропуштила предвидениот законски рок за поднесување на наведеното барање.

По ова, Врховниот суд го отфрлил ваквото барање како ненавремено, а на тужителот му наложил да ги надомести трошоците од 41.418 денари за водење на постапката. Со ова, пријавената нанела штета на Буџетот на Р. С. Македонија од 41.418 денари.

GOLD
To Top