Новости

Прилеп инфо

Кривична за прилепчанец кој неовластено поседувал пушка и муниција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Б. (53) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. 

На 30.01.2018 година во село Загоричани полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени пушка, 20 куршуми со калибар 9 мм и четири парчиња ловечка муниција со ознака “CHEDDITE 12”. 

Евротип
Евротип
To Top