Новости

Прилеп инфо

Кривична за 25 – годишно момче од прилепско поради кражба на дрва

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Т. (25) од Црнилиште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 10.06.2018 година во Прилеп, во село Стровија, во шумска парцела на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ – подружница „Црн Бор“ Прилеп, пријавениот со моторна пила пресекол 4,2 кубни метри дабови дрва и со товарно возило „Застава 650“ почнал да ги превезува до село Долнени, со цел да ги продаде.

Кога стигнал пред селото забележал полициско возило, по што во двор од најблиската куќа го оставил возилото натоварено со дрва.

Евротип
Евротип
To Top