Новости

Прилеп инфо

Кривична за 37 – годишен прилепчанец поради марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички рабори Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против З.Т.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции, и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.

По претходно добиена наредба од Основен суд Прилеп на 30.10.2018 година од страна на полициски службеници извршен е претрес во дом и други простории на улица „ Киро Фетак“ при што пронајдена е марихуана и семки од растението Канабис.

GOLD
To Top